ЕКСПОЗИЦИЈА
- Home
- ЕКСПОЗИЦИЈА
Фаик Арслани
Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија
Образование:
Роден на 17.01.1959 година во с. Добридол –Гостиварско. Од 1978-79 година до 1982-83 година студент при Правниот факултет во Нови Сад, САП Војводина, СФРЈ Југославија.
Работно искуство:
Од 1.06.1984 година до 4.07.1988 година – вработен во Опшинското јавно обвинителство – Гостивар. Од 5.07.1988 година до 30.06.1996 година – претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар. Од 1.07.1996 година до 12.05.2001 година – судија при Основниот суд Гостивар. Од 13.05.2001 година до 30.06.2003 година – Министер за Локална самоуправа при Владата на Република Македонија. Од 1.07.2003 година до 31.07.2008 година –адвокат со седиште во Гостивар , регистриран при Адвокатска комора на РМ. Од 1.08.2008 година – член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието на РМ, објавен во Сл. Весник бр.96 од 31.07.2008 година. Од 09.10.2009 година на правниот факултет во Приштина се стекнал со диплома за посдипломски судии и со степен на наобразба м-р по правни –управни науки. Од септември 2010 година судија на Врховниот суд на Република Македонија.
На 11.09.2019 со одлука бр.02-1454/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избран за вршител на должноста Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Во првиот имотен лист како член на Советот во 2009 година пријавил дека поседува 51.881 евра, без банкарските депозити за кои не дал вредност.
Во вториот, како ВД Претседател на врховниот суд Скопје, во 2019 година пријавил имот во вредност од 176.498 евра. На негово име се само четири ставки, додека останатиот имот е на име на брачен другар, вклучувајќи го и деловниот простор во Скопје со површина од 161 м2.