ЕКСПОЗИЦИЈА

Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

  • Роден е на 08.01.1961 година во село Раковец – Тетово, Република Македонија, етничка припадност Албанец.
  • 1986 – дипломирал на Правниот факултет во Приштина.
  • 1987 – професионалното искуство го започнал како секретар во Основно училиште  во село Требош – Тетово. Подоцна бил избран за заменик – секретар на Владата на  Република Македонија.
  • 1995 – ја извршувал функцијата секретар во Владата на Република  Македонија.
  • 1998 – повторно бил избран за заменик – секретар на Владата на Република Македонија.
  • 1999 – номиниран за републички советник.
  • 2000 – работел како државен советник во Владата на Република Македонија.
  • 2001 – бил избран за министер за правда на Република Македонија.
  • 2002-повторно бил номиниран за државен советник во Владата на Република  Македонија.
  • мај 2003 – бил избран за судија во Уставниот суд на Република Македонија.
  • ноември 2003 – повторно бил избран за министер за правда на Република Македонија.
  • Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.
  • Во декември 2004 година е избран за народен правобранител на Република Македонија.
  • Член е на Комисијата за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија.
  • Член е на Комисијата за полагање на правосуден испит.
  • септември 2012 година е одликуван со орден „Офицер на националниот ред за заслуги“ од страна на претседателот на Франција Франсоа Оланд.
  • ноември 2012 година е одликуван со „Орден за граѓански заслуги“ од страна на кралот на Шпанија Хуан Карлос Први.
  • Во декември 2012 година е реизбран за народен правобранител на Република Македонија.
  • Oбјавени меѓународни и домашни публикации:
    „Можниот придонес на омбудсманот во превенција и избегнување на религиозните, етничките и социјалните конфликти“, „Ромите – европско прашање“, „Пристап до информациите и што може омбудсманот да стори“, “Омбудсманот во мулти-културните општества”, „Улогата на Омбудсманот во борба за превенција и заштита од дискриминација“, „Улогата на Националниот превентивен механизам во општеството – една година од воспоставувањето на Националниот превентивен механизам во Република Македонија“, „11 години по потпишувањето на Рамковниот договор“, „Национални институции за човекови права“ и други.

Во декември 2020 Мемети денеска беше избран за нов член на Советот на јавни обвинители.

Вкупниот последен имот пријавен од страна на Иџет Мемети како Народен правобранител изнесува 188.500 евра. Поголемиот дел од имотот фигурира на негово лично име, а дел е на име на брачен другар, деца или заеднички имот. Мемети изјавил дека има три кредити во вкупен износ од околу 64 илјади евра.

Вкупен имот во € по години