ЕКСПОЗИЦИЈА

Александра Ристеска

судија

Судијката Александра Ристеска е избрана на 22.04.2010 година и таа работи на кривична материја. Други детали за нејзината биографија не се ставени на официјалната веб страница на Основниот суд Скопје 1 од Скопје.

6.830 евра
6.504 евра

 

Од личен имот, Ристеска пријавила само „Сеат Кордоба“, вредно 420.000 денари, плата за која не дала износ, како и кредит од 400.000 денари кој досега би требало да е отплатен.
Пријавила „дел од куќа“ во Скопје, кој се води на нејзините родители, во износ од 3.6 милиони денари, а се друго се води на нејзиниот сопруг. Меѓу другото, пријавила дека нејзиниот сопруг има побарување-купување имот во вредност од 1,5 милиони денари, но не се дадени никакви детали. Нејзиниот сопруг поседува Фиат Пунто вредно 300.000 денари, додека во банка чува 990.200 денари.

Имотна состојба забележана на сајтот на ДКСК на 3.2.2021 год.

Вкупен имот во € по години