ЕКСПОЗИЦИЈА

Добрила Кацарска

судија

Кацарска е ветеран во судството. Избрана е за судијка во септември 1986 година. Работела на кривични и граѓански постапки. Таа на 26 ноември 2020 година е избрана за уставен судија, и покрај противењето на опозицијата.

15.000 евра
104.000 евра
10.000 евра

 

Судијката Кацарска од личен имот поседува стан во Скопје од 88 квадратни метри вреден 5.953.200 денари, паркинг од 332.100 денари, како и подрум од 74.160 денари. Има возило „Хјундаи тускон“ вредно 922.500 денари, додека во банка чува 3.037,23 евра и 739 денари. Отплаќа и кредит од 435.284 денари, кој треба да го отплати до 2023 година. Платата и изнесува 144.962 денари. Како „имот на деца“ пријавила две земјишта во Скопје, вредни 2.453.690 денари и возило „Хјундаи Гец“, вредно 120.000 денари.

Опозицијата ја прозва Кацарска дека таа веќе нема кредибилитет да суди и пресудува на македонските граѓани, повикувајќи се на сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, која изјави дека судијката Добрила Кацарска директно се јавувала кај поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Стефанова сведочеше дека судијката Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот Империја и се интересирала за текот на постапката. Кацарска категорично го негираше ова. Таа јавно потврди дека е куќен пријател со Камчеви, а и дека нејзината ќерка работи во „Систина“.

Вкупен имот во € по години