судија
Горан Бошевски е избран за судија во 1996 година. Работи на кривична материја-организиран криминал. Нема други детали за него, ниту пак фотографија како и кај другите судии кои работат во Кривичен суд во Скопје.
Се што пријавил Бошевски во Државната комисија за спречување на корупцијата се води на негово лично име. Тука се наведени стан од 53 квадратни метри во Скопје, вреден 3.092.500 денари, гаража во вредност од 371.000 денари и возило „Југо Корал“ вредно 180.000 денари. Тој има и обврзници во вредност од 65.893 евра, а во банка чува 3.911 евра, како и 114.483 денари.
Судијата Бочевски беше прозван како судија кој „дозволил“ да му застари делото на поранешниот премиер Груевски во случајот „Траекторија“.