судија
Васил Динковски е назначен за судија во Кривичниот суд во Скопје во јули 2012 година. Тој работи на кривична материја.
Образование:
Правен факултет дипломирал во Скопје во 1989 год.
Работно искуство:
На 16.11.1992 год. се вработува во Основниот Суд Скопје 1 прво како стручен припрвавник каде во 1994 год. станува стучен соработник. Во 2003 год. станува соработник-стручен соработник и со ова звање останува се до избор на судија на 12.07.2012 год
Имотната состојба на судијата Васил Динковски е една од поскромните. Од личен имот има само „Опел Инсигниа“ во вредност од 927.000 денари. Неговата сопруга на сметка има 1.114.955 денари. Таа има и приход од „средства од спогодба за раскинување на договорот“ во износ од 1.048. 524 денари.