ЕКСПОЗИЦИЈА

Весна Димишкова

судија

Весна Димишкова е избрана за судијка во Кривичниот суд во Скопје во 2004 година. Таа работи на кривична материја-организиран криминал. Други детали за неа нема.

36.000 евра
147.000 евра
153.000 евра

 

Од личен имот, Димишкова пријавила стан во Скопје од 147 квадратни метри во вредност од 147.000 евра. Како личен имот поседува и „Хонда“, вредна 2.347. 795 денари. Потоа, заштетени средства од 7,2 милиони денари, како и кредит во износ од 2.195.237денари. Има и ставка „имот на деца“ каде е заведена „Мазда“ вредна 1.7 милиони денари.

Димишкова во медиумите стана позната како сестра на познатиот адвокат, Васил Димишков.  Вицепремиерот Никола Димитров во една прилика ја нарече Димишкова „Жена јунак“. Димишкова е позната во јавноста исто така по тоа што го ослободи премиерот Заев за случајот „Поткуп“ во кој случај тој беше обвинет дека барал 200 илјади евра поткуп од струмички бизнисмен додека бил градоначаник на Струмица. Димишкова е позната и по тоа што потпишала налог за претрес на поранепната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева.

Вкупен имот во € по години