ЕКСПОЗИЦИЈА

Весна Костова Спасеска

судија

Костова Спасеска е избрана за судијка во Кривичниот суд во 2011 година. Таа работи на прекршочна материја. Други детали или пак фотографии за неа нема.

45.000 евра
24.000 евра

 

Судијката Костова Спасеска од личен имот поседува земјиште од 167 квадрати метри во Злокуќани, скопско, за кое не дала податок за вредност. Таа пријавила и стан и подрум од 53 квадратни метри во Скопје, за кој исто така, нема податок за вредност. Како приходи на трансакциска сметка пријавила плата, но не навела износ, а има и 1.080.000 денари на сметка. Пријавени се и три кредити, кои според временската рамка се веројатно исплатени, двата во износ од 421.426 денари, додека за третиот не е наведен износ.

Како заеднички имот со сопругот се наведени стан од 60 квадратни метри во Скопје, вреден 2.743.500 денари. Сопругот поседува земјиште од 566 квадратни метри во Скопје, вредно 3 милиони денари, како и „Пежо 301“ вредно 700. 194 денари. Имал и кредит од 105.000 денари.

Судијката Костова Спасеска одлучуваше за притворот на бизнисменот Сеад Кочан во случајот „Труст“.

Вкупен имот во € по години