судија
Весна Петровска Тагасовска е избрана за судијка во јануари 2020 година. Таа работи на прекршочна материја. Нема други детали во нејзината биографија.
Судијката Петровска Тагасовска од недвиженимот има два стана во Скопје, од кој само за едниот, помалиот е дадена вредност од 2.59 милиони денари, додека за другиот нема вредност. Навела дека поседува и двор, земјиште, деловен простор и помошни објекти во Скопје, за кои исто така, не навела вредност. Во банка има повеќе картички, со вкупна вредност од 1.508.292 денари, како и два кредити од 2008 година во износ од 817.316 денари кои доспеваат во 2015 година, што значи досега би требало да се исплатени.
На име „имот на деца“ во банка стојат 2.848.584 денари.