судија
Туфегџиќ е избран за судија во 2008 година. Тој работи кривична материја-организиран криминал. Нема други детали за него во биографијата објавена на веб страницата на Кривичниот суд. Иако, во јавноста стана препознатлив како истражен судија.
Судијата Туфегџиќ пријавил стан од 43 квадратни метри во Скопје како личен имот, за кој не дал податок за вредноста. Тој има и „Форд Мондео“, за кое, исто така, не дал податок колку вреди. Во неговата имотна листа стои уште едно возило „Тојота Јарис“ од 150.000 денари, за кое нема податок во чија сопственост е. Од личен имот пријавил и орочен депозит во износ од 1,5 милиони денари, како и кредит од 32.000 евра, за кој нема податок дали уште го отплаќа.
Судијата пријавил и стан од 86 квадратни метри во Скопје, во сопственост на неговите родители, вреден 86.000 евра.
Судијата Туфегџиќ работеше на повеќе познати случаи во јавноста, како „Смилковско езеро“, „Шпион“, „Тврдина-таргет“ и други.