peptest


Пратеникот Агим Муртезанов е роден на 19 февруари 1980 година во Велес. Има завршено Бизнис администрација на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.

Активности во Собранието:

  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член;
  • Комисија за финансирање и буџет, член;
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член;
  • Комисија за труд и социјална политика, заменик-член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член;
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член.

Агим Муртезанов има изјавувано дека поседува два автомобила Мерцедес е 220 вреден 5.854 евра и Мерцедес Спринтер 313 вреден 6.829 евра. Тој има и кредит од 407 евра. На имотниот лист запишана е и куќа која се наоѓа во Чашка, но не е наведено во чија сопственост е истата.

Вредноста на пријавениот имот на Агим Муртезанов изнесува 13.089 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Пријавена имотна состојба на Државната комисија за спречување на корупција.

Пратеникот Агим Муртезанов во Централниот Регистар на Република Македонија е наведен како претседател без ограничување во Здружение на граѓани Центар за граѓански права МОЗАИК с.Горно Јаболчиште Чашка кое во моментов е неактивно.

Собраниски активности за 2018:

  • Број на присуства во Собрание: 105 
  • Број на отсуства: 0 оправдани и 6 неоправдани отсуства
  • Број на поднесени предлог закони/амандмани: 6 закони и 31 амандмани
  • Број на пратенички прашања: 1
  • Број на излагања на пленарна седница: 0 дискусии на пленарна седница, 1 (контра)реплики и 0 процедурални
  • Број на излагања на седници на работни тела, совети и други тела: 3
  • Работни тела член/присуство/одржани: 4/42/44
  • Работни тела заменик член/присуство/одржани: 4/23/33
  • Број на регистрирани гласања на пратеникот (закони/амандмани/останато1/останато2): 243/0/412/232

Податоците се преземени од извештајниот период од јануари до јуни 2018 година и извештајниот период од јули до декември 2018 година, кој е производ од соработката на Собранието на Република Македонија со Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

  • МЕСЕЧНА ПЛАТА: 64.738 денари (со исклучок на првите два месеци од годината земал 64.429 денари)
  • Во период од јануари до јули вкупно земал: 452.548 денари или 7.359 евра
  • Исплатени патни трошоци за користење на сопствено возило за службени потреби во 2018 година: 580.764 денари или 9.443 евра.