Политички експонирани личности

По Трагите на Имотот на Министрите и Пратениците

Slider
Коли, уметнички слики, накит, недвижен имот, банкарски сметки, имот во странство, но и дадени заеми. Шаренолика сопственичка структура на министрите кои се на функција. Во рамките на проектот Политички Експонирани Личности, СКУП почна систематски да ги истражува имотите на 120 пратеници и 26 министри на владата на Република Македонија.
 
Од каде го стeкнале имотот? Дали имаат основа за истиот? Како ќе се менува структурата на нивниот имот и што се крие зад тие промени? Сите овие одговори ги содржи оваа платформа, која ќе се ажурира зависно од информациите за промените кои ќе се случуваат во имотните состојби на овие политички изложени личности.
css.php