Лидерите на политичките партии тежат над 3 милиони евра: Таравари е единствениот милионер

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“ ги анализираше податоците од имотните листови на лидерите на парламентарните партии во Северна Македонија.

Изготвил: Тим на СКУП Македонија

Еден од претседателите на политичката партија Алијанса за Албанците и акутелен градоначалник на Гостивар и кандидат за претседател на Северна Македонија, Арбен Тараври пријавил имот во износ од над 1,2 милиони евра. Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски пак поседува сума од близу 650 илјади евра , Биљал Касами, со 350 илјади евра.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го нема во регистарот на Државната комисија за спречување на корупција. Имотниот лист што Мицкоски го имаше поднесено во времето кога директоруваше со АД ЕЛЕМ веројатно е повлечен од онлајн регистарот.

Некакви податоци за имотната состојба на Мицкоски имаме благодарение на базата на Центарот за истражувачко новинарство „СКУП“ Македонија. Така за истражување во 2020 година Мицкоски во времето кога бил директор на АД ЕЛЕМ пријавил дека поседува станбена куќа со двор во Скопје вредна 350.000 евра, заем од 75 илјади евра, како и депозит со, исто така, 75 илјади евра, кредит од 9 илјади евра, парични средстваод 30.000 евра и автомобил „Цитроен ц5“ од 13 илјади евра.

Името на Христијан Мицковски се поврзува со контраверзните мали хидроцентрали. Така пред 5 години Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за сопствеништвото на мали хидроелектрани од страна на Мицкоски. Подоцна го затвори случајот со образложение дека нема конфликт на интереси. Неговата компанија Енерготек ДОО Скопје, доби концесија за државно земјиште од 33.000 метри квадратни и концесија за користење на води за изградба на хидроцентрали.

Оваа фирма на Мицкоски, како основач, и на Димитар Димоски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за транспорт и врски ги изградила хидроцентралите.

Во интервју за Призма, од 2018 година, признава дека е сопственик на три мали хидроелектрани, за кои подоцна тврди дека го продал уделите и одлучил да се бави со политика.

Порталот Бизнис мрежа, објави дека Христијан Мицкоски во 2019 година остварил приходи од продажба на електрична енергија од 300.000 евра.

Во септември 2020 година, за емисијата Топ Тема изјавил дека иако нема обврска како опозиционер да ги пријави приходите, сепак тој ќе го направи тоа, но до ден денешен анкетен лист за неговите приходи во Државната комисија за спречување на корупцијата, нема.

Идејата околу пријавувањето на имотот како антикорупциска алатка е и по завршувањето на функцијата, да се следи имотот на функционерот за да се спречи тој, да ги внесе црните пари, добиени од корупција да ги внесе во системот и да ги добие на своето конто. За жал македонските пратеници гласаа имотните картици, функционерите да можат да ги повлечат од очите на граѓаните.

Арбер Таравари единствен милионер помеѓу лидерите

Арбер Таравари пријавил имот во вредност од 1 216 700илјади евра. Тој на свое пријавил куќа во Скопје стекната врз основа на договор за купопродажба. Поседува моторно возило марка „Волво“, денарски депозит и долг врз основа на креди. На име на брачен другар има пријавено стан од 94 м2 во Скопје, автомобил „Цитроен Ц4“  и златен накит во вредност. На име заеднички имот Травари пријавил уметнички слики од македонски автори. На имот на родители пријавени се две куќи во Гостивар, двор и три деловни простори за кои нема наведено податок за начин на стекнување.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски пријавил имот во вредност од над половина милион евра

Полумилионер, тоа е според пријавениот анкетен лист лидерот на СДСМ и довчерашен премиер, Димитар Ковачевски.

Анкетниот лист на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски тежи 645.945 илјади евра. Тој на свое лично име има пријавено три стана во Скопје. Едниот од нив, стан со помошни простории од 73 м2 е стекнат со пред договор за купопродажба во 2023 год. Другиот е стекнат во 2018 год., стан со  паркинг простор од 70 м2, стекнат на друг начин и треттиот е со површина од 83 м2, стекнат со договор за купопродажба без да се наведе годината на стекнување. Пријавена е и куќа за одмор во Волково од 51 м2, стекната со договор за купопродажба во 2023 год. На свое име во анкетниот лист е пријавено возило, марка „Цитроен Ц3“ стекнат со догоговор за купопродажба. Ковачевски на свое име пријавил акции, неисплатена дивиденда, побарувања по основ на договор и по основ на дадени заеми, девизни депозити и девизни сметки, денарски депозити и денарска платежна картичка, орочен денарски депозит, трансакциски сметки и сеф. Ковачевски има и долг врз основ на кредит и кредитна картичка. На име на брачен другар, Ковачевски пријавил удели, побарувања по основ на дадени заеми, денарски депозити и трансакциски сметки. На имот на деца пријавил девизни депозити и трансакциска сметка.

Во 2022 година порталот „Сакам да кажам“ пишуваше дека сопругата на премиерот, Елена Ковачевска се нашла меѓу основачите на фирма за производство на струја. Во април 2023 год., порталот „Слободна Европа“ напиша дека „Владата ја задолжила општината Радовиш да ѝ продаде на фирмата во која една од сопственичките е сопругата на премиерот, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа“. Тогаш Ковачевски како премиер изјави дека смета оти нема конфликт на интереси со владината одлука компанијата, каде што има удел неговата сопруга, да дооформи градежна парцела во Радовиш на државно земјиште по цена од  70 денари за метар квадратен.

Во ТОП 3 најбогати лидери на политички партии е Биљал Касами, претседател на Движењето Беса и актуелен градоначалник на Тетово

Имотот на Биљал Касами е во вредност од 351 961 илјади евра. Тој на свое име пријавил само побарувања по основ на учество во добивка и удел, две трансакциски и една штедна книшка за кои не навел податок за вредност. Најголем дел од имотот на Касами е на име на неговите родители и брачен другар. На имот на родители Касами пријави куќа, двор и земјиште во Тетово и земјиште во с.Желино. Пријавен е и автомобил марка „Мерцедес Ц220“ како и повеќе побарувања по основ на учество во добивка и удел. На име родители пријавена е и месечна закупнина. На име на брачен другар пријавил земјиште во Боговиње и златен накит.

Ништо посиромашен не е и лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател на Северна Македонија, Максим Димитриевски кој пријавил имот во вредност од 334 .277 илјади евра.

Градоначалникот на Општина Куманово и претседател на Движењето „ЗНАМ“ пријавил имот во вредност од 334.277 илјади евра. Тој на свое лично име пријавил куќа и земјиште во Куманово стекнати со договор за купопродажба. Од недвижен имот на свое име пријавил автомобил „Опел Астра“ од 1995 год. Димитриевски пријавил сопственички удели, два кредита, златен накит стекнат со наследсто и средства во готово стекнати на друг начин. На име на брачен другар, Димитриевски пријавил куќа со земјиште и земјиште стекнато со договор за купопродажба, сопственички удел и златен накит стекнат на друг начин. На имот на деца пријавени се четири девизни штедни книшки и златен накит. На име на родители пријавено е куќа со двор, деловен простор и земјишта сите во Куманово. Пријавил и два автомобила марка „Мерцедес А160“ и џип „Махиндра“. На имот родители пријавенн е и денарски депозит.

Лидерите, Села, Ахмети и Апасиев со релативно „скромен“ анкетен лист

Анкетните листови на Зиадин Села (Алијанса за Албанците), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица) не се ни приближно близу како со пријавениот имот на лидерите Арбен Таравари (Алијанса за Албанците) и Димитар Ковачевски (СДСМ), барем ако судиме според анкетните листови поднесени до ДКСК.

Имотот на Зиадин Села од Алијанса за Албанците вреди 214.950 илјади евра. Тој пријавил куќа, земјиште и шума. Два автомобили, „Јагуар“ и „Фолксваген Фатон“, трансакциска сметка, долг на име кредитна картичка и трансакциска сметка на брачен другар. Димитар Апасиев, лидер на Левица пријавил имот во вредност од 146.133 илјади евра. Тој на свое име пријавил стан во Скопје од 60 м2.,кредит, кредитна картичка, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и стипендија. Од заеднички имот  пријавил покуќнина. На име на брачен другар, Апасиев пријавил, автомобил марка „Алфа Ромео“, девизни и денарски депозити и два кредита.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тежи 140.422 илјади евра.  Тој на свое име пријавил куќа во родното Зајас, Кичевско, за која не дал податок за стекнување. Од недвижен имот пријавил земјоделско земјиште од 700 м2, во Р. Албанија за кое исто така нема доставено податок за стекнување. Од личен имот поседува трансакциска сметка. На имот на брачен другар има пријавено автомобил марка, „Фолксваген Поло“.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши „најсиромашен“ – пријавил имот без да ја наведе неговата вредност

Имотот на Африм Гаши вреди  9.981 илјади евра. Тој на свое име во анкетниот лист пријавил куќа во Скопје од 257 м2 за која нема наведено вредност во пари, стекната со договор за подарок. Гаши пријавил и автомобил марка „Мерцедес Е350“ и две трансакциски сметки за кои нема наведено вредност. На име на брачен другар, Гаши пријавил автомобил „Рено Клио“ стекнато со договор за купопродажба, благородни метали, накит стекнати со  договор подарок како и кредит. На име на родители во анкетниот лист е пријавена месечна пензија и земјиште во постапка за трансформација без наведена вредност, стекната на друг начин.

Во нашето истражување беа скенирани анкетните листови на лидерите на седум политички партии (Алијанса за Албанците, СДСМ, БЕСА, ЗНАМ, ДУИ, Левица, Алтернатива) чија вкупна вредност изнесува над 3 милиони евра.

 

 

 

Category: