Ангела Рајчевска е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. За време на студиите таа била вклучена како волонтер и практикант во Македонска Радио Телевизија, Нова Македонија и Студент ФМ 92.9. Од 2015 година, до сега, таа е дел од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Добитник е на наградата “Jan Briza” во рамките на фестивалот “On the record” за сторијата „Македонските студенти со најлош стандард на Балканот“. Рајчевска има посетувано повеќе обуки од областа на новинарството, како и младински размени и тренинзи преку Еразмус + програмата. Во моментов, таа работи и како фудбалски судија при Фудбалската федерација на Република Македонија и е активен волонтер во Волонтерски Центар Скопје.