Опис
Биографија
Арбен Фетаи е искусен професионалец во областа на јавната политика и европските интеграции, со богата меѓународна кариера. Роден е на 11 декември 1980 година во Куманово и поседува двојно државјанство: на Северна Македонија и на Белгија.
Фетаи го започнува своето високо образование во Белгија, каде што од 1999 до 2001 година студира политички науки на Универзитетот во Лиеж. Потоа продолжува на Слободниот универзитет во Брисел, каде што стекнува диплома за политички науки и меѓународните односи (2001-2003). Од 2003 до 2006 година, Арбен се специјализира во областа на европските студии на Институтот за европски студии во Белгија.
Неговата професионална кариера започнува во 2004 година, кога работи како помлад експерт на проект финансиран од ЕУ за поддршка на Собранието на Косово. Потоа, од 2006 до 2008 година е офицер за врски на проект за градење на капацитети за европски интеграции во канцеларијата на премиерот на Косово. Од 2010 до 2018 година, пак, работи како виш советник за политика на ЕУ на проекти финансирани од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Во последните години, Фетаи работи како глобален координатор за застапување во Aidsfonds во Брисел и како извршен директор на Институтот за јавна политика Арбен Џафери во Скопје. Покрај албанскиот, тој говори македонски, француски, англиски и холандски јазик.
Имотна состојба
Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи во анкетниот лист забележан на 21.08.2024 година пријавил имот од 3.025.399 илјади евра. Тој на свое име пријавил стан во Карпош, Скопје, куќа, градежно изградено земјиште, друг недвижен имот и земјоделско земјиште во Опае, како и земјоделски земјишта во Слупчане. Фетаи пријавил имот и во странство и тоа, куќа и две згради во Р. Белгија, како и стан од 62 м2 во Р. Косово. На свое име пријавил две возила и тоа, „Ланд Ровер“ и „Мерцедес Ц“. Во странство пријавил три возила, „Ауди Q7“, „Ауди ТТ“ и „Опел Карл“ во Р. Белгија. Пријавил плата, како и сметки во Р. Белгија на свое име и име на брачен другар. На свое име пријавил и кредит во Р. Белгија. На свое име пријавил и злато во Белгија. Пријавил и плата од Влада, како и плата на име на брачен другар. Пријавил и годишна кирија во Р. Белгија.
Имотна состојба: 3.025.399 евра