Низ мандатите, имотот на Енвер Пајазити, градоначалник на општина Брвеница уште од 2009 година, не се менува драстично, има опаѓачки карактер. Најголем имот тој има при стапувањето на функција во 2009 година, вкупно 2.188.075 евра. Во 2013 година, неговиот имот изнесува 1.499.463 евра. А во 2017 се намалува на 125.431 евра.
При стапување на функција во 2009-та година, Пајазити пријавува имот кој се состои од деловен објект во Тетово, земјиште во Брвеница, викендица во Тетово, два автомобила БМВ и Фолксваген Пасат и кредит. Тогаш имотот е проценет на над 2 милиони евра. По престанување на функција во 2013-та, Пајазити дополнително пријавил автомобил Ауди и Фолксваген Голф, како и еден лизинг за кола. Тој имал и удели во Бева Ауто во вредност од 317 илјади денари. Во 2013-та стапува на истата функција и имотот му е проценет на 1.500.000 милион евра.
Актуелниот имот на Енвер Пајазити изнесува 125.431 евра. Тој во своја сопственост има земјиште од 48.780 евра и кредит од 9.756 евра. Додека пак, неговата сопруга располага со куќа за одмор на Попова Шапка, вредна 56.911 евра и автомобил Фолксваген Бора од 2.496 евра. Децата поседуваат автомобил БМВ од 7.488 евра.
Со оваа имотна листа, градоначалникот се најде на листата на 10 најбогати градоначалници во земјата, која ја објави СКУП.