Александар Божиновски

 

Александар Божиновски е наградуван македонски новинар со речиси 20-годишно професионално искуство. Неговите почетоци се во 1994 година како судски известувач, додека сè уште бил студент на Факултетот за новинарство. Со текот на времето тој станува истражувачки новинар чии клучни области на интерес се полицијата, армијата, организираниот криминал и корупцијата. Уште како студент за првпат се запознава со истражувачкото новинарство на предавањата на Денис Хамилтон, своевремено истражувачки новинар за LA Times, кој бил визитинг-професор на Универзитетот во Скопје. Тој има учествувано и во работата на некои невладини организации со луѓе од Националниот институт за демократија од Вашингтон. За време на неговото работење во Нова Македонија (1999 – 2003), своевремено владин дневен весник, тој пишува стории за  Алтернативната информативна мрежа, заедно со уште 20 други новинари од поранешните југословенски републики, раководена од страна на познатиот новинар Ким Мехмети,  а основана од страна на Советот на Европа. Во тој период, Божиновски почнува да работи како новинар во новиот дневен весник Време, каде освојува неколку награди и тоа за новинар на годината на Време (2005), за најдобра истражувачка сторија од Македонскиот институт за медиуми спонзориран од Данска. Таа награда е за неговата најдобра истражувачка сторија до денес, позната по името „Случајот Калид ел Масри“. Божиновски е првиот новинар во светски рамки кој открива случај на вонредна екстрадиција (киднапирање на осомничени за тероризам од страна на разузнавачки агенции). Сторијата ја превземаа NY Times и го запознаа светот со неа. Германската телевизија ZDF се здружи со Божиновски во 2005 година за да го прошири истражувањето во врска со случајот Масри. Во тоа време, Божиновски започнува соработка со Проектот за организиран криминал и корупција, новинарска организација основана од страна на USAID во Вашингтон,  која ја сочинуваат истражувачки новинари од 10 други земји кои заеднички изготвуваат стории на теми од организиран криминал и корупција. Божиновски работи на неколку стории за OCCRP и во 2010 е финалист за наградата Даниел Перл на Глобалната конференција за истражувачко новинарство одржана во Женева. Тој исто така има вршено истражување за Глобален интегритет. Божиновски истражува и за неделникот Форум, дневниот весник Ден и за порталот Република. Во 2011 година, заедно со Жаклина Хаџи Зафирова и Џелал Незири, го основаат Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Во текот на 2013 година Божиновски е назначен за менаџер на НЕД: Подигнување на јавната свест за корупцијата преку истражувачкото новинарство.

Контакт: aleksandar@scoop.mk

Category:
Comments (0)

Напишете коментар