ИЕ 3: Ковачки  најбогат, Лукаревска не пријавила вредност на имотот

Во нашето истражување ги аналзиравме анкетните листови на тројца од четворицата носители на пратенички листи во изборната единица 3 чија вкупна вредност изнесува  232.455 илјади евра.

Изработил: Тим на СКУП Македонија

Граѓаните на изборите во мај ќе бираат помеѓу четири пратенички листи во изборната единица 3. Носител на СДСМ во „тројка“ е Сања Лукаревска, Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, Борислав Крмов од Левица, а прв на листата од Движењето ЗНАМ во „тројката“ е Павле Арсовски.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ прв на листата најбогати носители во изборна единица 3

Кандидатот за пратеник и носител на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во „тројка“ и член на извршниот комитет на партијата е најбогат помеѓу четворицата носители на кандидатски листи. Според анализата на пријавениот анкетен лист Ковачки „тежи“ 115.407 илјади евра. Тој на свое име пријавил, стан од 66м2, подрум и гаража во Скопје,  градежно земјиште од 392 м2. во Македонски Брод  и шума од 28782 м2 во делчевско Тработивиште, сите стекнати со договор за подарок. Од движен имот пријаивл моторно возило „Фиат Браво“ стекнато со договор за купопродажба.  Има и долг врз основ на кредит. На име на брачен другар исто така пријавил долг врз основа на кредит. На име на деца, Ковачки пријавил девизни депозити.

Сања Лукаревска од СДСМ го следи Ковачки, Борислав Крмов од Левица пријавил само стан

Сања Лукаревска директорка на Управата за јавни приходи и носителка во изборната единица 3 на СДСМ пријавила имот во вредност од 84.496 илјади евра. Лукаревска на свое име пријавила, недвижен имот, без да прецизира каков, стекнат со наследство, моторно возило „Форд Фокус“, девизна штедна книшка, денарска платежна картичка и трансакциска сметка за која нема наведено вредност како и 60 илјади денари за кои недала податок стекнати во 2014 година на друг начин. На свое име во анкетниот лист пријавила и кредит. На имена родители Лукаревска пријавила, стан во Скопје со помошни простории, како и две гаражи за кои нема наведено вредност  и куќа со земјиште во Дојран. Пријавила и два автомобили „Пежо 207“ и „Тико“, денарска штедна книшка, трансакциска сметка и два кредита.

Борислав Крмов од Левица пријавил најмал имот

Носителот во „тројка“ на Левица Борислав Крмов пријавил најмал имот од кандидатите во тројка. Тој пријавил само стан во родниот Штип од 65 м2, стекнат со наследство во 2015 година во вредност од 32.552 илјади евра.

Носителот на ЗНАМ, Павле Арсовски го нема во регистарот на Државната комисија за спречување на корупција

Павле Арсовски, носител во избрната единица 3 на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија го нема во регистарот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Фактот дека Арсовски досега не е бил на именувана функција му дава за право и нема обврска да го пријавува својот имот.

Арсовски е генерал-мајор во пензија советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции на Република Македонија и сегашен потпретседател на партијата ЗНАМ.

Во нашето истражување ги аналзиравме анкетните листови на тројца од четворицата носители на пратенички листи во изборната единица 3 чија вкупна вредност изнесува  232.455 илјади евра.

 

 

 

Category: