Како се менуваа имотите на градоначалниците: Рамиз Мерко

Рамиз Мерко, човекот кој ја предводи Струга по трет пат. Во периодот од 2005 до 2013 година Мерко исполнува два мандати на оваа позиција. Потоа, преминува во универзизтетските води од 2013 до 2014 година, а веќе во 2014 станува член на Парламентот на Република Македонија. Во 2017 година е именуван за министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за странски инвестиции. Истата година победува на локалните избори и повторно се враќа во градоначалничкото столче.

Имотот на Рамиз Мерко низ годините варира со зголемување и намалување во просек од 30 до 100 илјади евра. Најголем имот од 786.211 евра тој поседува во 2016 година, како пратеник во Собранието на Република Македонија, а најмал, од вкупно 627.870 евра, во 2005 година, при седнувањето на градоначалничко столче во Струга.

Денес, Рамиз Мерко поседува имот вреден 692.715 евра кој се состои од личен имот и една ставка на име на брачен другар во форма на побарување по основ на даден заем од 14 илјади евра. На негово име има деловен простор, две земјоделски земјишта, куќа и шума, сите во Струга, како и стан во Драч, Албанија. Мерко и на свое име има побарување по основ на даден заем од 29.268 евра, договор за закуп на земјиште, приход од кирија како и девизна и денарска сметка. Вредноста на имотниот лист на Рамиз Мерко изнесува 1.051.545 евра и истата е пресметана според податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција.

Првиот човек на Струга беше осомничен дека работел противзаконски и против јавниот интерес, трошејќи ги парите на општината на нетранспарентен начин. Поради тоа, Антикорупциската комисија започна кривична постапка против него. На тапет во јавноста Рамиз Мерко се најде откако се објави веста дека се подновил со луксузно возило од 70.000 евра.

Category:
Comments (0)

Напишете коментар