„Петката“ тежи милионче – Сајкоски најбогат, Бендевска и Митрески го следат

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на носителите на пратеничките листи од петтата изборна единица.

Изработил: Тим на СКУП Македонија

Во изборната единица 5 на претстојните парламентарни избори силите ќе ги одмерат четири противкандидати на исто толкав број пратенички листи. Ѓорѓија Сајкоски е носител на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалиционите партнери истрчаа со Јован Митрески за носител, Весна Бендевска е прва на листата на Движењето ЗНАМ за наша Македонија и Јована Мојсоска од партијата „Левица“.

Најбогат во „четворката“ е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, Весна Бендевска од ЗНАМ го следи, трет е Јован Митрески од СДСМ.

Носителот во изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ, кичевчанецот Ѓорѓија Сајкоски е најбогат од четирите противкандидати во изборната единица. Тој пријавил вкупен имот во вредност од 802.601 илјади евра. Тој на свое име пријавил стан во Скопје од 61 м2, две куќи со деловен простор и двор, посебно двор во Кичево како и земјиште. Поседува и градежно земјиште во Кичево, моторно возило „Цитроен Ц4“ и денарска платежна картичка. На име на брачен другар, Сајкоски пријавил денарска штедна книшка. На име на родители пријавено е земјиште и градежни земјишта во Кичево.

Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ за наша Македонија „тежи“ 152.825 илјади евра

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ и носителка во „четворката“ Весна Бендевска како член на Комисијата за заштита од дискриминација пријавила имот во вредност над 150 илјади евра. На свое име таа пријавила само автомобил марка „Дачи Сандеро“, стекнато на друг начин, како и хонорар од преводи. На имот на деца, Бендевска пријавила три стана, два во Битола стекнати со договор за подароки, еден во Охрид стекнат со договор за купопродажба во 2021 год., како и гаража во Битола стекната со подарок. На имот на деца пријавила кирија и хонорари од онлајн предавања.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата Јован Митрески пријавил имот од 132 682 илјади евра

Лично на негово име, Митрески  поседува само моторно возило „Сузуки Гранд Витара“. Неговиот брачен другар исто така поседува моторни возила и тоа, „ Лада Нива“ и „Форд Мондео“ како и денарски депозит. Неговите родители пак имаат земјишта во Струга, две куќи во истиот град како и лозје.

Како и во претходните изборни единици така и во „четворката“ кандидатот на партијата Левица, Јована Мојсоска ја нема во регистарот на анкетни листови на Државната изборна комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тоа се должи на фактот дека носителите на листи на Левица досега никогаш не се биле избрани на јавно именувана функција и со тоа немаат обврска да го пријавуваат својот имот.

Во нашето истражување ги аналзиравме анкетните листови на тројца од четворицата носители на пратенички листи во изборната единица 4 чија вкупна вредност изнесува 1.088.108 илјади евра.

Category: