Судскиот совет тежи 3,2 милиони евра: Горигева најбогата, Зендели најсиромашен а Николовски со колекција на пушки

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на членовите на Судскиот Совет на Република Северна Македонија. Кој е најбогат, а кој најсиромашен член на Судскиот Совет. Каков друг имот пријавиле членовите на Советот беше тема на нашето денешно истражување.

 

Изготвил: Тим на СКУП Македонија 

Лорета Горгиева најбогата помеѓу 11- члениот Судскиот Совет на РСМ. Нејзиниот имот вреди 730.492 илјади евра. Горгиева на свое лично име има пријавено само две денарски штедни книшки. Најголем дел од имотот на Горгиева е во сопственост на нејзиниот брачен другар. Како заеднички имот пријавила стан во Грција од 50м2, стекнат со договор за купопродажба. На имот на баречен другар има пријавено куќа во Струмица и поголема површина на земјиште стекнато со договори за купопродажба. На име на брачен другар има пријавено два автомобили марка „Бмв“  и  „Инфинити“, побарувања врз основа на заеми и кредит. На име на деца Горгиева пријавила, моторно возило „Ауди“, две девизни штедни книшки, како и фирма „Агрометал  Профил“.

На име на родители пријавена е куќа во Струмица.

Веднаш зад Лорета Горгиева, најголема вредност на имот пријавил членот Селим Адеми од 382.624 илјади евра, а на треттото место се наоѓа и претседателката на Судскиот Совет на РСМ, Весна Дамева со имот во вредност од 339.501 илјада евра,.

„Најсиромашен“ член на Судскиот Совет на РСМ е заменик претседателот  Ханиф Зендели – пријавил имот, но без да ја наведе неговата вредност

Заменик претседателот на Судскиот Совет на РСМ, Ханиф Зендели пријавил „најсиромашен“ анкетен лист во вредност од 64.897 илјади евра. Сето тоа можеби се должи на податокот дека за  заедничкиот имот наведен во анкетниот лист, куќа од 630 м2 и куќа за одмор од 60 м2 со земјоделско земјиште од 12.630 м2 во Тетово нема доставено податок за вредноста на имотот.  Зендели меѓудругото има и долгови врз основа на три кредит за кои пак нема доставено податок за сопственост.

Антикорупциска отворила предмет против Зендели поради незаконско користење на службеното возило „Ауди“ А6.

Антикорупциската комисија отворила предмет за незаконското користење на службеното „Ауди А6“ од страна на потпретседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели, кое што го возат со колегата Селим Адеми секој ден после работа до дома во Тетовско и назад, со години. Како што пишува порталот „Сакам да кажам“, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева на 22 февруари на веб страната на Советот објави одлука службените коли „ауди“, „опел астра“ и „голф“, по завршување на работното време и на работните обврски, задолжително да се остават на паркингот или во гаражата на Судскиот совет. И по работното време да се остават клучевите од трите службени возила во Судскиот совет.

„Корисниците на службените возила при нивното користење во текот на работното време, да посветат особено внимание при употреба и користење на возилата, а тоа да е исклучиво и единствено за службени потреби. За користење на службените возила, согласност дава претседателот на Судскиот совет“, изрично стои во одлуката. Последното известување што го добила од колегата Зендели е дека нема да ги врати клучевите, стои во објавите на порталот.

Ивица Николовски член на Судскиот Совет на РСМ во анкетниот лист е единствен што пријавил оружје. Станува збор за три пушки.

Судскиот Совет на РСМ брои 11 членови кои пријавиле вкупен имот над 3.2 милиони евра.

 

 

Category: