ПРАТЕНИЦИТЕ СО АКЦИИ ВО РАЗЛИЧНИ ФИРМИ

На листата на акционери во различни фирми се јавуваат вкупно 21 пратеник Ферид Мухиќ за уделите наведени во својата имотна листа изјави: „Уделите беа во Комерцијална Банка, меѓутоа, истите јас повеќе не ги поседувам“Пратениците од владејачката СДСМ, Горан Милевски и Далибор Богдановски во своите имотни листи ги пријавиле акциите и уделите на своите родители.

ПРАТЕНИЦИ-БИЗНИСМЕНИ НЕ ГИ ПРИЈАВИЛЕ ФИРМИТЕ ВО ДКСК

Само пратеникот Панчо Минов од ГРОМ во својата имотна листа ја пријавил неговата фирма која ја поседува, додека 14 пратеници во нивните имотни листи ги немаат наведено фирмите каде реално се јавуваат како сопственици.СКУП упати прашање до секој од нив за да добие објаснување зошто фирмите не се наведени, но ниту еден од функционерите не испрати одговор.Според податоците од Централен регистар до кои дојде СКУП во рамките на проектот ПЕП, најбогататиот пратеник Васил Пишев, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ, поседува две фирми.