Само пратеникот Панчо Минов од ГРОМ во својата имотна листа ја пријавил неговата фирма која ја поседува, додека 14 пратеници во нивните имотни листи ги немаат наведено фирмите каде реално се јавуваат како сопственици.СКУП упати прашање до секој од нив за да добие објаснување зошто фирмите не се наведени, но ниту еден од функционерите не испрати одговор.Според податоците од Централен регистар до кои дојде СКУП во рамките на проектот ПЕП, најбогататиот пратеник Васил Пишев, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ, поседува две фирми.
РАШИДИ И МИНОВ ГО ЗГОЛЕМИЈА ИМОТОТ, ПЕТ ПРАТЕНИЦИ СО НОВИ АВТОМОБИЛИ
Пратеникот Панчо Минов на својот досегашен имот вреден 45.198 евра го додал „непрецизираниот имот“ вреден 23.600 евра.
Досегашната имотна листа вредна 21.984 евра, Сурија Рашиди ја надополнил со пет нови земјишта вредни 159.614 евра.
Џеват Адеми го пријавил имотот на своите деца, односно тие се водат како „Косопственик-содружник на ТД ИЦ ЊУ Драјвер ДОО“.
ВЛАДИНИ ФУНЦИОНЕРИ ПОСЕДУВААТ АКЦИИ ВО ГОЛЕМИ КОМПАНИИ
Министерот Адеми, поседува акции во текстилна индустрија, Царовска пријавила акции на нејзината мајка, Анѓушев мнозински акционер во „Фероинвест“ за премиерот Заев со акции на име на неговите родители.
НОВИТЕ АНТИКОРУПЦИОНЕРИ „ТЕЖАТ“ 1.7 МИЛИОНИ ЕВРА
Најбогат антикорупционер е Салаи со имот вреден над половина милион евра, додека „најсиромашен“ е Софка Пејовска Дојчиновска со околу 18 илјади евра пријавен имот.