ЕКСПОЗИЦИЈА

Снежана Калеска-Ванчева

Пратеник
СДСМ

Член на СДСМ. Родена на 12.12.1961 во Охрид. Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“.

 

Активности во Собранието:

  • Законодавно-правна комисија, претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Комисија за култура, заменик-член

 

48.000 евра
238.000 евра
900 евра
5.000 евра
4.000 евра

 

Од личен имот, Ванчева има стан во Скопје вреден 4.2 милиони денари или 68.800 евра. Пријавила и приходи како основач на адвокатско друштво, но не прецизирала детали. На сметка има 70.000 денари, а од накит пријавила злато во вредност од 250 илјади денари или околу 4000 евра. Во банка има 800 евра, на сметка 70.000 денари, а отплаќа кредит од 820.000 денари до 2025 година.

Заедно со сопругот имаат стан во Скопје од 156 квадрати вреден 10.4 милиони денари или околу 170 илјади евра. Заеднички поседуваат и „Ауди6“ вредно 2.9 милиони денари или повеќе од 48.000 евра. Имаат и слики во вредност од 300.000 денари или околу 5000 евра.

Нејзиниот сопруг има куќа во Шишево, скопско, вредна 2,5 милиони денари или околу 40.000 евра, како и земјиште во Кавадарци за кое не е наведена вредност. Тој има удели и трансакциски сметки за кои не пишува никакви детали. Отплаќа кредит од 6 милиони денари до 2026 година.

Вкупен имот во € по години