ИЕ 4: Филипче сам тежи повеќе од сите носителите во изборните единици два и три- пријавил имот од скоро 700 илјади евра

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на носителите на пратеничките листи од четвртата изборна единица.

Во четвртата изборна единица, граѓаните на Македонија ќе бираат помеѓу четири пратенички листи. Венко Филипче е носител на СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ прв на листата е Александар Николоски, Миле Цеков од Движење ЗНАМ и Сашко Јанчев од Левица.

Според нашето истражување, имотот на Венко Филипче вреди 693.172 илјади евра, додека за споредба имотите на носителите во изборните единици два и три заедно тежат 678.490 илјади евра.

Венко Филипче „тежи“ скоро 700 илјади евра – анкетниот лист го нема во регистарот на ДКСК

Носителот на СДСМ и коалицијата  Венко Филипче во времето кога беше министер за здравство пријавил имот во вредност од 693.172 илјади евра. Анкетниот лист на носителот на СДСМ во изборната единица 5 е повлечен од регистарот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) . Сепак, во објава  на интернет-порталот „Е-магазин“ стои неговиот анкетен лист. Тогаш Филипче на свое име пријавил куќа од 464 м2. во Скопје проценета на 27,8 милиони денари како и стан во главниот град од 130 м2. проценет на 7,8 милони денари стекнат како подарок. На  свое име поседува моторно возило „Мерцедес  Бенз“. Поседува и хартии од вредност за кои нема дадено податок за вредност, а стекнати се со договор за купопродажба.  На име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2  стекнат со договор за купопродажба. На име на брачен другар Филипче пријавил две моторни возила марка, „Мерцедес Бенз“ и „Мазда 2“, стекнати со договор за купопродажба.

Филипче е трипати побогат од носителот во „петка“ на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски пријавил имот во вредност од 209.952 илјади евра, што е скоро 3.5 пати помалку од неговиот опонент Филипче.

Тој на свое име пријавил само недвижен имот, автомобил „Шкода Суперб“ стекнато со договор за купопродажба, денарски депозит, кредтина картичка и лизинг. На имот на брачен другар, Николовски пријавил стан во Охрид од 60 м2 стекнат со договор за купопродажба, автомобил „Џип Компас“ и денарски депозит.

Носителите во „четворка“ се скаараа во сред кампања – Николовски го навреди Филипче кој му се закани со тужба

Носителот на ВМРО-ДПМНЕ во „четворката“, Александар Николоски, од посетата на село Новаци, меѓу другото, говорејќи за носителот на СДСМ во „четворката“, Венко Филипче, праша од каде му се пари за хациенда на Водно и дали со својата докторска или министерска плата купил ‘ауди кју 8 РС’ вредно над 200 илјади евра, пишув порталот „365 степени“.

„Со министерска плата не се купува ауди кју 8 РС’ од 250 илјади евра како што вози Венко Филипче. Од докторска или министерска плата не се гради хациенда на Водно која ексклузивно ќе ја покажам вечерва тука во Новаци, мислам дека е чесно Стево Пендаровски да одговори како се гради оваа хациенда на Водно“, рече Николоски од посетата на село Новаци.

Оценувајќи ги за навреди со кои се обидува да добие политички поени, Филипче најави тужба за клевета против Николоски во однос на обвинувањето оти има хациенда на Водно за која рече дека Антикорупциската комисија одамна донела одлука оти не ја поседува. Тужба, како што рече, ќе добие и за другите клевети кажани против него.

„Политичката култура на Александар Николоски спадна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признам дека не очекував Николоски да прерасне во кафеански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николоски со навреди се обидува да добие политички поени. Исто така, загрижувачки е што Николоски изјави дека работел од свои 14 години сакајќи да го оправда фактот што нема ниту ден стаж во реален сектор. На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати“, пишува Венко Филипче во објавата на Фејсбук., а пренесе порталот „365 степени“.

Миле Цеков од Движењето ЗНАМ и Сашко Јанчев од Левица ги нема во регистарот на Државната комисија за спречување на корупција

Носителите во „петка“ на Движењето ЗНАМ, Миле Цеков и на Левица, Сашко Јанчев ги нема во регистарот на ДКСК. Тие досега не се биле именувани на јавна функција и поради тоа немаат обврска да го пријават својот имот.

Во нашето истражување ги аналзиравме анкетните листови на двајца од четворицата носители на пратенички листи во изборната единица 5 чија вкупна вредност изнесува 903. 124 илјади евра.

Category: