Зоран Иванов

Зоран Иванов е доајен на македонското новинарство. Неговата исклучително богата професионална кариера ја започнува како новинар во Радио Скопје,  а продолжува во новинарските води и како уредник и главен и одговорен уредник во повеќе медиумски куќи, како Македонско радио -Радио Скопје, Радио Дојче веле, Келн, Канал 103, МТВ, ТВ Сител, „Утрински весник“,ТВ Алфа и други. […]

ДЕСЕТТЕ НАЈБОГАТИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ „ТЕЖАТ“ 30 МИЛИОНИ ЕВРА

Во рамките на проектот ПЕП поддржан од Фондацијата НЕД со седиште во Вашингтон, СКУП продолжува систематски да ги следи, истражува и анализира имотите и на актуелните градоначалници на локалните самоуправи во Република Северна Македонија. Од каде го стекнале имотот? Дали имаат основа за истиот? Како ќе се менува структурата на нивниот имот и што се крие зад тие промени?

ДВАНАЕСЕТТЕ „НАЈПРИВИЛЕГИРАНИ“ ПРАТЕНИЦИ: ДРЖАВАТА ИМ ПЛАЌА И ЗА КИРИЈА, И ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ

Додека народните избраници ја имаат привилегијата да наплатуваат трошоци и за кирија и за патни трошоци, граѓаните се возат во амбулантни возила стари во просек по 11 години.